Рекорден трансфер во МЛС лигата

Untitled-3-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кевин Денки, фудбалер на Серкл Бриж, ќе стане најскапото засилување во историјата на американската МЛС лига.


Младиот напаѓач на белгискиот тим ќе го засили Синсинати во трансфер вреден 17 милиони евра. Претходниот рекорд го држеше Тиаго Алмада кога од Велез се пресели во Атланта јунајтед за 14,5 милиони евра во 2022 година.

За Денки беа заинтересирани Рома и Лил, но Серкл Бриж ја прифати понудата на клубот од МЛС. Покрај 17 милиони, белгискиот клуб ќе добие и десет проценти од следната продажба на играчот.

Денки ќе потпише договор со Синсинати на пет години, по сезона ќе заработува три милиони евра.

Денки претходно играше во Ним.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK