Реал Мадрид 22-ри пат во историјата ќе се бори за титулата европски првак. „Краслскиот клуб“ досега освои 11 трофеи. Во второто полуфинале на Завршниот турнир во Атина, Реал ја победи Валенсија со 105:90. Серхио Скариоло, тренерот на Реал, прв пат во кариерата ќе игра финале во Евролигата, и со тоа ќе има можност за прв пат да го освои овој трофеј, единствениот што го нема во кариерата.
Реал стави крај на бајката на Валенсија. Искуството ја победи младоста. На своето деби во Фајналфорот, Валенсија не успеа да ја одигра најдобрата кошарка, што секако е голема заслуга на искусните кошаркари од Мадрид.
Серхио Скариоло во целост го надмудри најдобриот тренер сезонава во Евролигата, Педро Мартинез. Брилијантно ја постави тактика, а неговите кошаркари вешто ги експлоатораа сите слабости на противникот.
Во исто време ја „сокрија“ својата најголема слабост, недостигот на вистински центар. Реал на Завршниот турнир допатува со само еднс „петка“ Усман Гаруба, Валтер Таварез и Алекс Лен се повредени, а проблемите на Скариоло значително се зголемија пред финалето, откако Гаруба се повреди на почетокот на последната четвртина и извесно е дека нема да игра во мечот за титулата.
Реал победи благодарение на изборедната тимска игра во која се издвои Марио Хезоња и икс факторот Андрес Фелиз. Реал доминираше во скокот, имаа дури 19 офанзивни, а вкупно на крајот забележаа 14 скокови повеќе од Валенсија (48:31). Во првиот дел Реал го наполни кошот на Валенсија со серија тројки 11 од 19 обиди.
Инаку првиот дел заврши со предност на Реал 62:56. Овие 118 поени се најмногу во прво полувреме во историјата на Евролигата.
За Реал Мадрид, Марио Хезоња беше најефикасен со 25 поени и седум скока (личен рекорд на натпревар од Завршниот турнир), Тре Лајлс постигна 17 поени и седум скока, додека Габриел Дек додаде 16 поени, а Андреас Фелис го заврши натпреварот со 15 поени и осум скока.
Кај Валенсија, Риверс, Прадиља и Монтеро покажаа најмногу постигнаа по 15 поени.
Реал ќе игра против Олимпијакос во големото финале во недела од 20:00 часот.
Foto/ EPA