Реал се огласи: Златната топка требаше да ја добие Карвахал

ND-CHAMPIONS-FINAL-BORUSSIA-RM-CARVAJAL-MVP-GettyImages-2155639985.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се огласи по синоќешното доделување на „Златната топка“ во Париз.


Актуелниот европски шампион во последен момент одлучи да не ја испрати својата делегација на церемонијата во француската престолнина, откако Флорентино Перез дознал дека престижната награда нема да му припадне на Винисиус Жуниор.

Златната топка му припадна на Родри од Манчестер сити, а Реал на изборот реагираше со писмо испратено до агенцијата „Франс Прес“.

Од Мадрид тврдат дека според критериумие ако наградата не ја добил Винисиус тогаш таа требало да заврши кај Дани Карвахал.

„Ако критериумите за наградата не го признаа Винисиус за победник, тогаш јасно е дека Карвахал треба да биде избран според тие исти критериуми. Бидејќи тоа не се случи, јасно е дека Златната топка и УЕФА не го почитуваат Реал Мадрид и Реал Мадрид не оди таму каде што не е почитуван“, се вели во писмото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK