Реал пред 43.000 навивачи го претстави Ендрик

12391922.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилскиот тинејџер, Ендрик (18), во саботата е промовиран во нов играч на реал Мадрид. Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој постигна договор со Реал во 2022 година, но му се приклучи на клубот откако стана полнолетен.


Изминатите две сезони настапуваше за Палмеирас, одигра 82 настапи, со учинок од 21 гол и четири асистенции. Ендирк веќе има десет настапи и три гола за сениорската репрезентација на Бразил.

Ендрик на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше пречекан од 43.000 навивачи.

„Не знам како да го опишам она што го чувствувам. Отсекогаш сум сакал да дојдам овде и да играм за Реал. Го исполнив мојот сон, не само мојот, туку и на моето семејство. Ова е за нив”, изјави Ендрик, кој беше придружуван на церемонијата од родителите.

Според „Трансфермаркт“, Реал издвоил 47.500.000 евра за трансферот на Ендрик, а сумата може да порасне и до 60.000.000 евра доколку се вклучат и бонусите. Сето тоа беше договорено на 15 декември 2022 година, кога беше потпишан договорот до крајот на сезоната 2026/27.

Ендирк во тимот го очекува жестока борба за место во првиот тим. За трите позиции во нападот ќе се бори со Килијан Мбапе и сонародниците Винисиус Жуниор и Родриго Гоес,.

Меѓу другото, Ендрик изјави дека е подготвен да игра на секоја позиција во Реал, клуб во кој се заљуби поради Португалецот Кристијано Роналдо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK