Реал поради твит и објави војна на Барселона – Флорентино Перез не доаѓа на дербито

Реал-поради-твит-и-објави-војна-на-Барселона-–-Флорентино.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред два дена Реал победи на гостувањето кај Брага со 2:1 во третото коло од Лигата на шампионите. На овој натпревар од португалските навивачи, но и од оние на Барселона, жестоки навреди доби игачот на Реал, Винисиус Жуниор.


Винисиус, кој имаше две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот, непотребно почна да ја прескокнува топката во една ситуација како да прави дриблинг наречен „бицикл“.

Тој стоеше мирно и ја прескокнуваше топката додека противниците гледаа во него, а навивачите го навредуваа.

„Тоа не е расизам, тој заслужува шлаканица бидејќи е кловн. Овие потези се непотребни и бесмислени на фудбалскиот терен“, напиша на Твитер членот на управата на Барса, Микел Кампс, а подоцна ја избриша објавата.

Овој твит предизвика жестоки реакции во Шпанија. Она што го напиша Кампс стана главна вест за сите медиуми.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез објави дека нема да биде присутен во Барселона на Ел Класико кое ќе се игра в сабота, во знак на протест кон твотот на Кампс.

Истото ќе го направат и сите членови на управата на Реал. Така, во ложата на Олимпискиот стадион, каде што игра Барса за време на реновирањето на Камп Ноу, ќе бидат само челниците на Барселона.

Потпретседателот на Барселона Рафа Јусте се обидува да ја намали шетатта што ја направи Кампс.

Тој испрати помирлива порака: „Микел згреши. Тоа што го напиша беше несреќа. Вини, слушни ме, нема да се повтори”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK