Реал остана без играч платен 80 милиони евра за еден месец

Chuameni-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид најмалку еден месец нема да може да смета на францускиот репрезентативен играч Орелиан Чуамени (24) поради повредата на левиот зглоб што ја заработи при поразот од Милан со 1:3 во Лигата на шампионите, пишуваат локалните медиуми.


Кралскиот клуб ја потврди повредата, но не прецизираше колку долго би можело да трае опоравувањето.

„По извршените прегледи денеска, на нашиот играч Орелиан Чуамени му е констатирано истегнување на левиот зглоб. Неговото закрепнување ќе го следи лекарската служба“, соопштија од Реал.

Наместо Чуамени, на полувремето во игра влезе уште еден Французин, Едуардо Камавинга.

Пред две години Реал го донесе Чуамени за 80 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 103 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи три гола и асистенција на пет од нив. Тој освои седум трофеи и неговиот договор е до 2028 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK