Реал Мадрид и Барселона се борат за потписот на еден од најталентираните Шпанци. Станува збор за Антоњито, 18-годишниот крилен напаѓач на второлигашот Малага и репрезентативец на Шпанија до 19 години. Според „Марка“, трансферот во еден од великаните на шпанскиот фудбал би можел да се случи во зимскиот преоден рок.
Антоњито е под договор до следното лето и одби да потпише нов, што значи дека ризикува да го напушти клубот без обештетување на крајот од сезоната. Затоа е реално да се очекува трансфер веќе во зима бидејќи тоа е последна шанса за Малага да заработи трансферот на младиот играч
Антоњито е роден во Андалузија и ги направи првите фудбалски чекори во младинскиот центар на Бетис, потоа се пресели во Малага. Минатата сезона дебитираше во сениорскиот фудбал, во Третата лига, а сега е стандарден играч и еден од главните играчи на тимот во Сегунда.
На 13 настапи постигна три гола и забележа исто толку асистенции. Неговото целосно име е Антонио Кордеро, но тој е попознат како Антоњито.
Неодамна негов менаџер стана Пини Захави. Станува збор за човек кој е многу близок до Барселона и кој ги претставува Ханси Флик и Роберт Левандовски, но тоа не мора да значи дека Барселона има предност.
Според „Трансфермаркт“, Антоњито вреди два милиони евра.