Расел дисквалификуван, Хамилтон победи во Спа Франкошамп

12396372.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ФИА му ја одзеде победата на возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Британецот, со брилијантна стратегија прв мина ноз целта на Големата награда на Белгија пред тимскиот колега Луис Хамилтон и возачот на Мекларен, Оскар Пјастри.


 

На Расел победата му е одземена бидејќи неговиот болид беше за еден и пол килограм полесен од дозволеното. По дисквалификацијата на Расел, триумфот му припадна на Луис Хамилтон, кој го освои 105. во кариерата.

Иако Расел ја возеше трката на неговата кариера, прекршувањето на прописите кои бараат минимална тежина од 796,5 килограми го остави без втората победа сезонава, трета во кариерата.

Наместо тоа, седумкратниот светски шампион дополнително го подобри сопствениот рекорд.

Шарл Леклер од Ферари се искачи на подиумот како трет.

Пред летната пауза во генералниот поредок води Fерстапен со 275 бодови, а го следи Норис со 197.

Следната трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 е Големата награда на Холандија, во Зандворт од 23 до 25 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK