Втора година по ред Охрид домаќин на ракометниот камп 40х20

rakomet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Охрид, викендот почна второто издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид. Деведесет момчиња и девојки од четири земји, на возраст од 7 – 17 години, следните шетс дена ќе ги до усовршуваат своите знаење во ракометната игра, ќе се дружат и забавуваат во најубавиот град на Балканот.

– Од неделата во Охрид стартуваше второто издание, со зголемен број на учесници од повеќе земји. Кампот е поставен на начин, на кој повозрасните кампери работат на индивидуална надградба, за што се задолжени 12 тренери од земјата и странство, а оние помалите да се запознаат со ракометната игра и да се едуцираат за тимска работа, дисциплина и социјализација. Како ќе одминува времето интензитетот на тренинзите и на активностите ќе се засилува. Покрај тренинзите, предвидени се предавања за нашите учесници но и тренери на кампот, прошетка по Охридското езеро и Охрид и еднодневен семинар се германскиот ракометен тренер, Фалк Фрустенберг, изјави Горан Ѓоргоноски, менаџер на КМГ Спорт, организатор на ракометниот камп.


Новитет оваа година е вклучувањето во тимот на тренери на поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски. Како специјално изненадување, во текот на денешниот ден, беше посетата на еден од најголемите македонски ракометари и двоен европски шампион со тимот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK