Меморандум за соработка потпишаа извршниот директор на двократниот европски шампион РК Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски.
РК Вардар 1961 и Универзитетот Скопје делат исти вредности, а тоа е развој на спортот во нашата држава, соопшти македонскиот ракометен прволигаш.
Во рамки на договорената соработка, „Универзитет Скопје“ ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.
– Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината, изјави ректорот на „Универзитетот Скопје“, Миленковски.