Македонската кадетска репрезентација загуби од соодветната селекција на Норвешка со 27:25 во 1. коло на Светското ракометно првенство во Хрватска.
На денешниот натпревар во Риека, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ одиграа добро прво полувреме и на пауза заминаа само со два гола негатива (11:9). Во вториот дел Норвежаните имаа и пет голови предност, но на само 90 секунди пред крајот Македонците намалија на (25:24). До крајот Норежаните постигнаа два, нашите еден гол за конечни 27:25. Другите две селекции во Ф-групата се Црна Гора и Грузија. Нивниот меѓусебен натпревар почнува во 19:30 часот.
Во Главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата. Во Президент Куп од натпреварувањето продолжуваат трето и четвртото пласираната репрезентација.