Клиника Жан Митрев е медицински партнер на ЖРК Ѓорче Петров

DSC_0743_1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клиника Жан Митрев е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров. Со оваа соработка, најдобрата приватна клиника ќе се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките. За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките на располагање им се најсовремените техники, апаратура и долгогодишно искуство на тимот од Клиника Жан Митрев. За контролните прегледи на ракометарките ќе се грижи тим од доктори специјалисти, предводен од д-р Виолета Николов, специјалист гинеколог.

 


„Екипата целосно ќе биде под здравствената заштита од наша страна. Во нашата грижа за ракометарките ќе бидат применети светските искуства во спортската медицина од здравствен аспект, со цел постигнување максимални резултати. Имаме нови методи кои сакаме и ќе ги искористиме за мониторинг на нивната здравствена состојба и за подобрување на психофизичката подготвеност. За нив ќе работи интердисциплинарен тим составен од физиотерапевт, специјалист ортопед, кардиолог како и најновото во спортската медицина, гинеколог. Се надевам дека ќе бидат задоволни и резултатите ќе бидат видливи. Пред овие девојки претстојат многу предизвици и успеси, а ние ќе помогнеме во постигнувањето на тоа“, вели д-р. Виолета Николов од Клиника Жан Митрев.

„Од соработката со Клиниката Жан Митрев ќе имаме големи придобивки, затоа што без соработка со врвни медицински установи нема резултат и тие ќе бидат од голема помош за подобрување на перформансите на играчите. Се надевам дека првите резултати ќе ги видиме набрзо“, вели Ангела Цветановска член на УО на клубот.

 

„Тоа ни е потребно. Во професионалниот спорт и женскиот ракомет многу се вложува во ова. Ова е еден нов предизвик. Јас како тренер ќе ги знам сите атрибути на играчите. Мислењето на лекарите и медицинскиот тим секаде се исклучително важни. Комуникацијата меѓу нас и Клиника Жан Митрев ќе биде на високо ниво. Ни треба брзо враќање на играчите кога имаме тешки натпревари, вели тренерот на ЖРК Ѓорче Петров Симе Симовски.

Соработката за меѓу Клиниката Жан Митрев и ЖРК Ѓорче Петров е веќе активна, за што ракометарките веќе започнаа со контролните прегледи пред натпреварот против белгиски Еупен, во рамките од 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK