Алкалоид е победник на турнирот „Марко Божиновски“

rakometari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кадетскиот тим на Алкалоид e победник на вториот меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се одржува во чест на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец.

РК Алкалоид победи на турнирот на кој учествуваа екипите на РК Коњух од Босна и Херцеговина и македонските екипи РК Е. Пелистер, РК Бутел Скопје, РК Голден Арт и РК Аеродром.


Алкалоид победи на сите четири одиграни натпревари. Во првото коло беше подобар од Коњух со резултат 30:27. Во второто коло го совлада тимот на Аеродром со резултат 48:21, а потоа во полуфиналето го елиминираше тимот на Бутел Скопје (27:16).

Во финалето, Алкалоид одново се сретна со екипата на Коњух, која пак, во полуфиналето беше подобра од Е. Пелистер (34:28).

Македонскиот тим по втор пат на турнирот беше подобар од екипата на Коњух од БиХ. Конечниот резултат е 26:25.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK