Рајо Ваљекано го обезбеди потписот на Родригез

b58e0897-2c4a-481f-849a-2c5de182251d_alta-libre-aspect-ratio_default_0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејмс Родригез (33) се враќа во Европа и тоа во клубот, во кој до летово бранеше Столе Димитриевски, а најголема ѕвезда беше неговиот сонародник Радамел Фалкао.


Родригез вниманиетот на европските клубови го привлече со одличните настапи на Копа Америка. Со Колумбија стигна до финалето, каде Аргентина славеше со 1:0. На крајот, Родригез ја доби наградата за најдобра играч на Копа Америка 2024.

Играчот од редот за врска е слободен играч и тоа го искористи Рајо Ваљекано.

Колумбискиот напаѓач во кариерата играше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн, Евертон, последен клуб во кариерата му беше Сао Паоло.

Родригез блесна на Светското првенство во Бразил во 2014 година, беше негов најдобар стрелец со шест гола, а потоа потпиша за Реал Мадрид за речиси 80 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK