Рафаел Варан му кажа „збогум“ на фудбалот

varane-como-presentazione-gdm.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Она што го најавија италијанските медиуми, експресно доби потврда. Францускиот фудбалер Рафаел Варан (31) реши да стави крај на кариерата.



По серијата повреди на стартот од својот мандат во Комо, стоперот преку објава на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави дека е време за крај.

„Велат дека на сите добри работи им доаѓа крајот. Во текот на кариерата имав многу предизвици пред мене и секогаш успеава да им се спротивставам. Речиси сите требаше да бидат невозможни. Создадов спомени кои ќе траат цел живот. Кога ќе погледнам наназад, со голема гордост и со чувство на исполнетост објавувам дека се повлекувам од играта што сите ја сакаме. Илјада пати паднав и станав и сега е време да застанам и да ги оставам копачките“, напиша меѓу другото Варан.

Варан летово пристигна од Манчестер јунајтед како големо засилување за тимот на Сеск Фабрегас. Тој потпиша договор на 2+1 година, а на крајот одигра само 23 минути во купот.

Кариерата ја започна во Ленс, од каде во 2011 година се пресели во Реал Мадрид, со кој го постигна најголемиот успех во кариерата.

Десет годино беше во Мадрид, четири пати ја освои Лигата на шампионите, три пати титулата шпански првак, како и трофеите од шпанскиот и европскиот Суперкуп. Четири пати беше клупски светски шампион, а со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2018 година. Три години подоцна со „триколорите“ го освои трофејот во Лигата на нации.

За Франција одигра 93 натпревари и постигна пет гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK