Фото/ Архива Топспорт, Игор Паневски
Фудбалерите на Работнички го победија Силекс со 1:0 во 13.коло, во домашното првенство. Попладнево Тиквеш и Гостивар, односно Воска и АП Брера одиграа нерешено, а Македонија ЃП победи во Штип, кај Брегалница.
Работнички ја прекина серијата од три порази во првенство со миниламната победа над Силекс (1:0). „Романтичарите“ славеа по повеќе од еден месец, кога на 1.октомври, исто така со минимален резултат го победија Тиквеш.
Голот за победа го постигна Деспотовдки во 54.минута. Работнички од 69.минита играше со фудбалер помалку (исклучен Стојановски) но успеа да ја одбрани победата.
Резултати, 13.коло:
Брегалница-Македонија ЃП 2:3
Работнички-Силекс 1:0
Тиквеш-Гостивар 2:2
Воска спорт-АП Брера 1:1
Табела: