Еспањол експресно се врати во Примера. Во реваншот од плеј-офот, Еспањол на домашен терен го совлада Овиедо со 2:0 и со тоа го анулира минималниот пораз од првиот меч. Овоедо, предводен на теренот од легендарниот Санти Казорла ќе почека на враќање во елитата, последен пат овој тим во Примера играше пред 24 години.
Херојот на Еспањол е Хави Пуадо, човек кој пред четири години дојде во клубот.
Пуадо ги постигна двата гола за Еспањол, во интервал од 120 секунди. Првиот го постигна во 44., а вториот две минути подоцна.
Претходно пласман во елитната дивизија во шпанскиот фудбале изборија Леганес и Валјадолид.