Просинечки ќе биде новиот тренер на Партизани

Просинечки-ќе-биде-новиот-тренер-на-Партизани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Роберт Просинечки ќе стане нов тренер на албанскиот клуб Партизани, објавија денеска хрватските медиуми.


Просинечки (53) на клупата на Партизани ќе го замени сонародникот Зоран Зекиќ, кој неодамна го напушти клубот и се врати во татковината за да стане тренер на Осиек.

Хрватските медиуми тврдат дека Просинечки веќе отпатувал во Албанија на финалните преговори и дека потпишувањето на договорот е само формалност.

Партизани, актуелниот шампион на Албанија, моментно е петтопласираниот клуб во албанското првенство со 11 освоени бодови, но и два натпревари помалку од лидерот Егнатија кој има 16 бодови.

Партизани во текот на летото ги одложи натпреварите поради обврски во квалификациите за европските натпреварувања, но на крајот не оствари пласман во групната фаза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK