Пронајдено тело во тренинг центарот на Манчестер јунајтед

GKawH62W0AEeYJb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Академијата на Манчестер јунајтед е привремено затворена откако човечки останки беа пронајдени закопани во близина на тренинг центарот.

Полицијата покренала истрага, а судскиот вештак кој излегол на терен потврдил дека се работи за закопан труп на маж кој бил во најлонска кеса.

На локацијата кеде сега се наоѓа академија на Манчестер јунајтед во минатото тренираше првиот тим.

Не се знае до кога ќе биде затворен тренинг центарот на Академијата, но она што се знае е дека полицијата работи на случајот и дека обвинителите излегле на местото на настанот, кои покренале истрага и судска постапка. Навистина необична ситуација…

„Голема истрага е во тек и ќе остане така уште некое време додека не утврдиме што се случило. Областа е затворена за јавноста“, изјави еден од инспекторите на лице место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK