Проблем за Чави, Педри повторно е повреден

Проблем-за-Чави-Педри-повторно-е-повреден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Барселона, Чави, повторни има „главоболки“, поради Педри, сигурно најважниот играч во редот за врска. Педри е повреден и како што сега стојат работите нема да игра до крајот на јануари.


Младиот играч за врска наводно го пропуштил дуелот против Алмерија поради полесна повреда само како мерка на претпазливост, но се чини дека ситуацијата е посериозна. Поточно, двапати досега се појавија погрешни информации од извори блиски до клубот.

Првично стигна веста дека Педри ќе биде подготвен за Лас Палмас на 4 јануари. Потоа се појави информација дека Барселона нема да ризикува и дека ќе го чува педри за Суперкупот на Шпанија, во Ријад, кој ќе се игра во средината на јануари во Ријад.

Третата информација гласеше дека Пдри нема да игра ниту во Ријад, дека лекарите не сакале да ризикуваат за да биде подготвен за Бетис на 20 јануари.

Денеска стигна нова информација дека Педри се уште е повреден и најверојатно нема да игра до крајот на јануари.

Во клубот се загрижени за Педри, бидејќи прават се за да го заштитат од нови повреди на мускулот. Верувале или не, ова му е седма во последните две години.

Сè на сè, алармот во Барселона повторно се вклучува поради Педри, а работите да бидат уште полоши, Гави отсуствува до крајот на сезоната.

Се чини дека Каталонците дефинитивно ќе мора да доведат уште еден играч за врска во зимскиот преоден рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK