Јапонецот Хироки Ито скршил коска на стапалото, потврди неговиот клуб Баерн Минхен.
„Дефанзивецот се здоби со скршеница на метатарзалната коска во неделата на пријателскиот натпревар против Дирен (1-1). Дијагнозата ја потврди скенерот“, соопштија од баварскиот гигант.
Ито летово се пресели во Баерн од Штутгарт, каде играше три сезони. Баерн за неговиот трансфер издвои 28 милиони евра.
Овој 26-годишен играч кој ги покрива позициите стопер и лев бек, минатата сезона учествуваше на 26 натпревари во Бундеслигата и уште три во Купот на Германија.