Премиер лигата на фудбалскиот клуб Евертон под „итно“ му одзеде 10 поени поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, објави Би-би-си.
Лигата објави дека клубот од „Гудисон Парк“ извршил сериозни прекршувања на правилата во врска со профитот и финансиската одржливост на клубот.
Тоа е најстрогата казна во историјата на Премиер лигата.
Од клубот стигна соопштение во кое се вели дека „клубот е и шокиран и разочаран“ и дека тоа е „несразмерна и неправедна казна“.
Евертон во досегашниот дел од сезоната освои 14 поени, но поради казната ќе остане на четири бода и ќе падне на последната позиција. Ист број на поени има и Барнли.
Од ова гледна точка, Евертон и не помина толку лошо, бидејќи има само пет поени помалку од Борнмут кој се наѓа на 17 место, кое носи опстанок во лигата.