Потпишан е меморандум за соработка во областа на спортот меѓу Македонија и Србија

Untitled-2-19.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ и министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски, се сретнаа во Белград на билатерална средба во зградата на Владата на Република Србија.


На средбата министрите потпишаа Меморандум за соработка со кој се поставуваат основите за развој и зајакнување на односите во областа на спортот меѓу двете земји.

Министрите го обновија Меморандумот за соработка во областа на спортот, кој истече во 2021 година, а првично беше потпишан во 2011 година.

„Оваа соработка носи многу придобивки за нашата земја и нашето министерство. За нас како новоформирано министерство ова е исклучително важна и плодна соработка. Со нетрпение очекувам да се реализираат заедничките проекти што ги најави министерот Гајиќ, особено со цел вмрежување на нашите земји во областа на спортот. Сметам дека вмрежувањето е клучно, бидејќи поединечно сме премали за да постигнеме поголеми резултати. Посебно сакаме да се посветиме на унапредување на женскиот спорт кој кај нас е на многу ниско ниво. Нашата цел е да го подигнеме тој сегмент, користејќи го знаењето и искуството што Република Србија ги изгради преку својата богата спортска традиција“, рече министерот Ристовски.

Со потпишувањето на меморандумот, Србија и Македонија ја официјализираат соработката на бројни спортски проекти и иницијативи, вклучително и размена на професионално знаење, организирање заеднички настани и промоција на здрав начин на живот кај младите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK