Нема сомнеж дека Хакан Чалханоглу моментално е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, иако често е критикуван дека не е константен.
Впрочем, турскиот репрезентативец и фудбалер на Интер се најде во избраното друштво, меѓу 30-те кандидати за Златната топка.
„Секогаш има критики на моја сметка, но не им обрнувам премногу внимание. Не сакам да звучам арогантно, но по 21 година турски играч се врати на листата за Златната топка. И јас сум горд на тоа“, порача тој.
🗣️ Hakan Calhanoglu: “There’s always criticism about me, but I don’t listen. I don’t want to sound arrogant, but after 21 years, a Turkish player is back on the Ballon d’Or list. And I’m proud of it.” 🇹🇷 pic.twitter.com/SBlmDdZDbR
— Football Talk (@FootballTalkHQ) September 11, 2024
Последниот турски играч кој беше номиниран за Златната топка беше Нихат Кавечи во 2003 година кога играше во Шпанија за Реал Сосиедад.
Хакан Чалханоглу има 30 години и веќе осум сезони игра со голем успех во Серија А, прво за Милан, а потоа за градскиот ривал Интер, со кој лани ја освои шампионската титула на Италија.
На почетокот на кариерата играше во Германија за Карлсруе, Хамбургер и Баер Леверкузен. Тој 92 пати го облече дресот на турската репрезентација и постигна 19 гола.