Поранешниот кошаркар на Партизан и Ѕвезда потпиша за Дубаи, па доби нов НБА тим: Бруклин може да го земе Дангубиќ!

Screenshot-2024-07-20-102740.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трансфер гуруто на НБА, Адријан Војнаровски, објави дека Заир Вилијамс бил заменет со пик од втората рунда од Мемфис Гризлис во Бруклин Нетс за Мамади Диаките. Во целата работа е вклучен и еден српски кошаркар.


Немања Дангубиќ неодамна беше официјализиран во новиот проект на Дубаи, тим кој ќе се натпреварува во АБА-лигата, а во иднина, во НБА, првата врз него ќе ги имаат Бруклин Нетс.

Поранешниот српски репрезентативец и играч на Црвена Звезда и Партизан има 31 година и тешко дека некогаш ќе добие шанса да игра преку барата, но не е невообичаено НБА тимовите да разменуваат играчи на овој начин.

Дангубиќ во текот на кариерата настапуваше и за Хемофарм, Мега, Естудијантес, Промитеас и Перистери.

Во 2014 година, крилниот кошаркар беше драфтуван како 54-ти пик од Филаделфија Севенти-Сиксерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK