Порaди изјава за женскиот фудбал Хетафе го тргна името на Алфонсо Перез од стадионот

Порaди-изјава-за-женскиот-фудбал-Хетафе-го-тргна-името-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стадионот на Хетафе отсега ќе се вика само „Колосеум“. „Ел Мундо Депортиво“ објави дека Хетафе како клуб и градскиот совет на Гетафе, како единица на локалната самоуправа која управува со стадионот, одлучиле да го тргнат името на Алфонсо Перез, познат поранешен фудбалер, од името на стадионот.


Имено, одговорните за грижата за споменатиот стадион сметале дека изјавите на Перез за женскиот фудбал се толку несоодветни што немале друг избор освен да го преименуваат стадионот.

Перез рече дека „смета дека е невозможно машките и женските фудбалери некогаш да заработуваат исто“.

Таа изјава предизвика бурни реакции, а Хетафе порача дека поради неа Перез повеќе не заслужува стадионот да го носи неговото име.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK