„Понудата за Олмо од Барселона во Лајпциг ја сметаат за навредлива“

dani-olmo-rb-leipzig-2023-24-1711642086-133063.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дани Олмо, еден од најдобрите играчи на последното Европско првенство е голема желба на барселона во актуелниот преоден рок.



Лајпциг се подготвени да го пуптат Олмо за 60 милиони евра.

Барселона понуди фиксна сума од 40 милиони евра и 20 милиони евра низ разни бонуси. Во германскиот клуб понудата на Шпанците ја сметаат за навредлива.

Ова го пишува каталонски „Спорт“, наведувајќи дека Лајпциг ја одбил понудата на Барселона само од учтивост и по барање на менаџерите на Олмо. Во спротивно не би го направиле тоа бидејќи сметаат дека понудата е таква што не треба ни да одговорат на неа.

Од друга страна, во Барселона се сигурни дека можат да го добијат Олмо под бараната цена и немаат намера да се приближат до бараната сума.

Претходно медиумите објавија дека од Барселона понудиле 40 милиони евра, кои Лајпциг би ги добил во четири годишни рати, а исплатата би започнала во 2025 година. Германскиот клуб би можел да инкасира дополнителни 20 милиони евра, доколку Барселона до 2029 година освои две титули во Шпанија и во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK