Полските одбојкари по пауза од 48 години се пласираа во финалето на ОИ

1d9a9796-6421-4293-9d11-3701afa67a9e.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полските одбојкари по 48 години повторно ќе играат за златниот олимписки медал откако во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Париз ја совладаа американската репрезентација со 3:2.


Полјаците ги предводеше натурализираниот Кубан Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а 15 забележа Норберт Хубер. Најдобри кај САД беа Метју Андерсон со 24 поени и Арон Расел со 20 поени.

Решавачки испадна четвртиот сет во кој Полјаците постојано заостануваа, но во решавачките моменти имаа поголема смиреност и прецизност. Во решавачкиот сет Американците водеа само еднаш, кога го освоија првиот поен. Полска стигна до четири меч топки (14:10), американските одбојкари спасија три, но не и четврта, кога топката од нивниот блок заврши во аут.

Полска единственото финале досега го играше во 1976 година во Монтреал, каде го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3:2 во финалето. Во финалето на турнирот во Париз, Полска го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Италија и Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK