Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби со 3:0 во сетови од големиот фаворит Полска во третиот натпревар на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на периоди дадоа добар отпор, меѓутоа квалитетот на Полјаците, кои се први фаворити за златниот медал, беше пресуден.
Македонија во првиот сет се држеше до 9:9, а потоа Полска направи серија од девет поени по ред и го доби сетот со 25:12.
Во вториот сет македонските одбојкари беа одлични, имаа 19:19, но на крајот сепак Полска го комплетираше со 25:21.
Третиот сет Полска го доби со 25:14 и стигна до очекуван триумф.