Макс Ферстапен издоминира во кавлификациите пред утешената трка за Големата награда на Белгија. Актуелниот првак и лидер во генералниот пласман ја освои пол-позицијата, но поради казната бидјќи ја смени погонската единца ќе стартува од 11.позиција.
Колоната утре на Спа Франкошамп ќе ја поведе возачот на Ферари, Шарл Леклер. На влажната патека, во последниот круг Шарл Леклер успеа да дојде до второто место.
Веднаш до него од првиот ред траката ќе ја започне Серхио Перез, кој по подолг период одработи добри квалификации. Мексиканецот беше шест десетинки зад Ферстапен.
Во вториот ред ќе бидат Британците, Луис Хамилтон (Мерцедес) и Ландо Норис (Мекларен).
Нивните колеги Оскар Пјастри и Џорџ Расел се зад нив, а во топ 10 ќе бидат Шпанците Карлос Саинц (Ферари) и Фернадо Алонсо (Астон Мартин), односно Естебан Окон (Алпин) и Алекс Албон (Вилијамс).
Трката за Големата награда на Белгија, в недела ќе започне во 15 часот.