Пол Клемент: Анчелоти има мек карактер? Прашајте го Ибрахимовиќ

hi-res-22142c56c5d868a8663d3b99213ccc58_crop_exact.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пол Клемент, десната рака на Карлос Анчелоти во Челзи (2009-2011), ПСЖ (2012-2013), Реал Мадрид (2013-2015) и Баерн (2016-2017), зборуваше за поврзаноста со италијанскиот стручњак во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Сити.


За „Сан“, зборуваше за методите на работа на својот пријател Анчелоти, за неговата харизма, за способноста да се прилагодува на новите фудбалски трендови, магично да управува со големите ѕвезди…

„Во Реал Мадрид, Карло ја имаше идејата за напаѓач на Кристијано Роналдо, што на Португалецот на почетокот не му се допадна. Рече дека повеќе сака да игра на левата страна… Карло формираше два системи: кога напаѓавме 4-3-3 со Роналдо на левата страна и 4-4-2 кога се браневме со него напред. Сега гледаме многу такви тактички работи, но тогаш беше прилично револуционерно. Тој е брилијантен во управувањето со луѓето. Не само со реномирани играчи, туку и со сопственици на клубови како Силвио Берлускони во Милано, Роман Абрамович во Челзи и Флорентино Перез во Реал Мадрид. Верувајте, за ова би можел да напишам книга.“

Посебен дел издвои за шпекулациите дека Анчелоти има „мек карактер“. Пол Клемент, раскажа што се счучило со „страшниот“ Златан Ибрахимовиќ, додека беа заедно во ПСЖ.

„Делува опуштено, што не значи дека не е под стрес внатре. Постои линија која не можете да ја преминете. Се сеќавам, на пример, на неговиот гнев на полувремето од мечот со Евијан. Шутна кутија го погоди Златан во глава! Веројатно тогаш го видов во најлошото издание.“

Тој смета дека најголемата вештина на Анчелоти е способноста да работи маестрално под притисок.

„Не можете да поминете полувреме на клупата на Реал Мадрид, а да не бидете критикувани. Тој е брилијантен во дозирањето и управувањето со напнатоста, поради што е толку долговечен.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK