Долгогодишниот прв голман на германската репрезентација Мануел Нојер денеска објави дека става крај на репрезентативната кариера!
По Илкај Гундоган, а претходно и Томас Крос и Томас Милер, од „панцерите“ се прости уште еден столб на Германија – Мануел Нојер.
Голманот на Баерн помина 15 години на голот за Германија, а за тоа време забележа 124 настапи и го освои најважниот трофеј – Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Германските медиуми истакнуваат дека сега веќе нема никаква дилема и дека голманот на Барселона Марк-Андре Тер-Штеген по 10 години ќе ја дочека позицијата број 1 меѓу стативите.