Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет

IHF-2025-Men-s-Handball-Championship-Final-Croatia-v-Denmark.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.


Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.

Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.

„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.

На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.

За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35:34) против Португалија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK