Пирова победа на Пелистер во дербито

Пирова-победа-на-Пелистер-во-дербито.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големото дерби во мак-ракометот заврпи со победа на Еурофарм Пелистер 29:24, но Вардар 1961 поразот го слави како победа бидејќи имаат подбра меѓусебен скор од големиот ривал. Првиот натпревар црвени-црните го добија со 30:25.


Вардар 1961 во Битола покажа карактер, успеа да се врати по негативата од девет гола. На стартот на вториот дел, Пелистер имаше предност 23:14, откако полувремето заврши 18:11 за зелените.

Спрскиот репрезентативец, Драган Ѓукиќ, во последните секунди го постигна голот со кој на Вардар му овозможи да има подобар меѓусебен скор.

Кај стрелците, во редовите на Еурофарм Пелистер по пет голови имаа Тајник и Костески, а на спротивната страна за Вардар по четири погодоци запишаа Срдановиќ, Родригез и Лазаревски.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK