Филип Петрушев стана нов кошаркар на Сакраменто Кингс, а сега се појавија и деталите од најновиот трејд.
Петрушев летово пристигна во Филаделфија, франшиза која го избра на драфотот во 2020 година како 50.пик. Од почетокот на сезоната тој одигра само три минути за Филалделфија, а потоа како дел од трејдот за Џејмс Харден замина во ЛА Клиперс.
Ден по пристигнувањето во Лос Анџелес, Клиперси го испратија во Сакраменто.
Сакраменто за Петрушев плати одредена сума на пари и на Клиперси им ги префрли правата на Лука Митровиќ, соиграч на Петрушев минатата сезона во Црвена звезда.
Во 2015 година, Митровиќ беше избран од Филаделфија како 60. пик на драфтот, а неколку недели подоцна Сиксерси ги продадоа тие права на Сакраменто.
Митровиќ целата своја кариера ја минува во Европа, а покрај за Звезда настапуваше и за Хемофарм, Бамберг, Мурсија, Манреса, Хапоел и Будуќност. Митровиќ има 30 години и сигурно е дека тој никогаш нема да ира во НБА лигата.