Хрватска ја совлада Шкотска со 2:1 (1:1) во третото коло од групата 1, во А-дивизијата во Лигата на нации.
Натпреварот на стадионот „Максимир“ во Загреб го обележа пресвфтот на Хрватска и драматичната завршница во која ВАР ја „одбрани“ победата на домашната репрезентација.
Шкотите беа подобри на теренот во првите 30 минути, а тоа го материјализираа во 33. минута, кога неколкуте грешки во одбраната на Хрватска ги казни Кристи.
Само три минути подоцна Матановиќ успеа да израмни. Пресвртот Хрватска го комплетираше во 70.минута кога Крамариќ го постигна вториот гол. Асистент за двата гола на Хрватска беше Преишиќ.
Во 88.минута Кристи имаше чиста шанса, неговиот удар заврши крај голот, а во 95.минута Адамс постигна гол, кој ВАР го поништи поради офсајд.