Пех за Јувентус, Гонзалес се повреди

Untitled-1-14.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Јувентус, Николас Гонзалес се повреди, настапувајќи за репрезентацијата на Аргентина. „Гаучосите“ во квалификациите за Светското првенство јго победија Чиле со головите на Мекалистер, Алварез и Дибала.


Гонзалес го напушти натпреварот во вториот дел поради повреда на скочниот зглоб, објавија италијанските медиуми. .

Во аргентинскиот табор првично мислеа дека станува збор за повреда на мускулот, но неколку извори, меѓу кои и ДАЗН, јавуваат дека 26-годишникот го повредил зглобот.

Не е познато дали Гонзалес веднаш ќе се врати во Торино или ќе остане во репрезентацијата на Аргентина која во вторник на 10 септември игра против Колумбија.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по натпреварот изјави дека е рано да се знае дали Гонзалес ќе биде подготвен за следниот натпревар.

Гонзалес дебитираше за Јувентус минатата сабота во ремито 0:0 против Рома.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK