Паника во Штутгарт се повреди Гираси

Паника-во-Штутгарт-се-повреди-Гираси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, ќе паузира во следните неколку недели поради повреда на мускулот, објави неговиот клуб.


Гвинеецот е апсолутен хит на европскиот фудбал оваа сезона со 14 гола на осум натпревари.

Благодарение на неговата ефикасност, „Швабите“ моментално се втори на табелата во Бундеслигата, веднаш зад Баер Леверкузен.

Гираси се повреди на натпреварот против Унион Берлин во кој беше и стрелец. Го постигна водечкиот гол, но потоа куцајќи го напушти теренот.

Станува збор за повреда на мускулот поради која ќе мора да мирува одредено време.

Следуваат неколку тешки недели за Штутгарт бидејќи Гираси има постигнато повеќе голови од сите најдобри стрелци во петте најсилните лиги.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK