За прв пат во повеќе од 100-годишната историја на шаховските натпревари на ФИДЕ, светот ќе има двајца светски шампиони.
Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњачи, кои испишаа историја, бидејќи исходот од Њујорк досега не е виден во историјата на шахот.
Карлсен и Непомњачи во финалето во блиц шахот одиграа седум партии по ред – првите две ги доби Норвежанецот, вторите Русинот, а во последните три ремизираа.
ФИДЕ реши да направи преседан, за прв пат во историјата погласи двајца победници.
„Игравме многу долго. Мислам дека ова е разумна одлука“, рече Карлсен по финалето.
Magnus Carlsen 🤝 Ian Nepomniachtchi
In 1500 years of Chess and 100 years of FIDE History, a World Chess Championship is being shared for the 1st time ever.
WOW !
pic.twitter.com/mtlWwSHjCi— Johns (@JohnyBravo183) January 1, 2025
Овој исход донесе многу контроверзии, бидејќи Карлсен по втор пат во една недела го покажа својот авторитет над ФИДЕ, откако претходно ја победи кога ФИДЕ му дозволи да настапува во фармерки.
Критики упатиХанс Ниман, еден од најголемите критичари на Карлсен, кој смета дека светскиот шах го контролира еден човек.
„Светскиот шах официјално стана шега. Ова никогаш не е направено во историјата. Не можам да верувам дека сите официјални одлуки во шахот се контролирани од еден човек, по втор пат оваа недела. Може да има само еден светски шампион“, рече Ниман.