Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

trchame za racin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на годинашните „Рацинови средби“ во Велес на 11 јуни по вторпат ќе се одржи Атлетската трка низ велешките главни улици насловена „Трчаме за Рацин“, а во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Трката ја организира АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес. Се трча на 5 и 10 километри, а претходно ќе има и детска трка. Детската трка е на 400 метри, а за неа се предвидени стотина учесници.


Како што информира за МИА, Лазе Петрушев од АК „Борец“, досега за трката се пријавиле над 400 учесници од земјава како и од Србија и од Косово.

Пријавувањето е до утре, недела 4 јуни, а се врши електронски преку веб страницата на трката „Трчаме за Рацин“.

Стартот на трката е на 11 јуни во 19 часот на главната улица спроти споменикот на Рацин пред  Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Организаторите за најдобрите во машка и женска конкуренција обезбедија и вредни парични награди за освоено прво, второ и трето место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK