Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

odbojkarki makedonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје загуби од Естонија со максимални 3-0 во рамки на третото коло во Групата А.

Во натпревар кој ефективно траеше 72 минути, македонските одбојкарки лесно ги препуштија воведните два сета (10-25, 14-25), а достоен отпор пружија во завршниот сет кој Естонија го реши во своја корист со 25-20.


Во воведните две кола македонските одбојкарки претрпеа порази на домашен терен од Австрија и Летонија со идентични 3-0.

Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата А, Австрија ја совлада Летонија со 3-1.

За избраничките на македонскиот селектор Стефан Пауновиќ следуваат три натпревари во Европската сребрена лига на гостински терен, против Естонија (10 јуни), Летонија (14 јуни) и Австрија (17 јуни).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK