Се одржа втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“

trka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дождот и лизгавите улици полни со вирови не ги спречи околу стотина деца и околу 500 возрасни од Велес и повеќе македонски градови како и од Врање од Србија и еден учесник од Италија, успешно да ја поминат целта на втората атлетска трка “Трчаме за Рацин”,која се одржа синоќа низ велешките главни улици.

Стартот и целта беа кај споменикот на Кочо Рацин кај велешката Гимназија која го носи неговото име. Се трчаше на 5 и 10 километри, а најмалите на 400 метри.


Дарио Ивановски победи во силна конкуренција на 10 километри кај мажите со време 31,46 минути ,а кај жените прва беше Билјана Кираџиева со време 40,07 минути.

На 5 километри победник е Грегоријан Ничовски со време 17,26 минути, а кај жените Теа Божиновска со време 20,13.

Инаку трката е дел од програмата на годинашните 60 -ти јубилејни Рацинови средби во Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK