Почнува Т-esports шампионатот за сите играчи на е-спортови во Централно источна Европа

Requirements_800x500_PR_MKD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дојче Телеком со гордост го најавува проширувањето на многу успешниот Шампионат T-esports (TEC) на паневропско ниво во 2024 година. По одличните резултати од првите две сезони во Македонија, Хрватска и Црна Гора, TEC сега ќе ангажира млади ентузијасти и полу професионални играчи во е-спортови од три дополнителни земји: Чешка, Унгарија и Полска.

 



TEC 2024: поврзување преку е-спортови

Шампионатот T-esports е повеќе од обичен турнир во е-спорт; тоа е можност да се развијат основните вештини за иднината. Играчите ќе го покажат и ќе го подобрат своето стратешко размислување, планирање и тимска работа во 4 популарни игри: League of Legends, Counter-Strike 2, Brawl Stars и EA FC 24. Шампионатот поттикнува чувство на заедништво и натпреварувачки дух, придонесувајќи за растот на е-спортот и за личниот развој на неговите учесници. Тој исто така претставува платформа којашто му овозможува на секој ентузијаст за е-спорт да го доживее светот на професионалните е-спортови.

 

Каков е планот за игрите во TEC 2024? 

Рокот за регистрации е до 20 септември. Играчите можат да формираат тим или да се приклучат како соло играчи, да ја изберат играта и да се подготват да се натпреваруваат со некои од најдобрите играчи во Европа. Тие ќе се натпреваруваат во возбудливи квалификации, ќе се пробијат низ групната фаза и ќе се стремат кон плеј-офот.  Во големото финале, најдобрите тимови ќе се борат во Будимпешта на спектакуларен LAN настан за најголемата награда. Ова е можност и за аматери и за полупрофесионални играчи да ги покажат своите вештини на голема сцена и да стекнат непроценливо искуство во светот на е-спортот.

 

Без разлика дали сте играч или навивач, TEC 2024 ветува извонредна авантура. Опремете се и подгответе се да се обедините, да се натпреварувате и да освојувате.

https://youtu.be/rmDXJBhKKM4?si=ZOIurSv3xT6dh_WP

 

За повеќе информации и за да се пријавите, посетете ја страницата:  https://telekom.faceit.com

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK