Министерот Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Светската атлетска асоцијација, Лорд Себастијан Коу

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Владата имаше официјална средба со Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој официјално е кандидат за прв човек на ИОК на претстојните избори во март 2025 година.

На средбата беше дискутирано за поддршката која Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.



„Ми претставува особена чест што Лорд Себастија Коу е наш гостин во Владата. Се надевам на идна успешна соработка и заедно да придонесеме за развој на македонската атлетика и на спортот воопшто. Се залагам за поддршка на сите спортови, меѓутоа свесен сум за важноста на атлетиката како базичен спорт и основа за развој на национален спорт и токму затоа Атлетската федерација на Македонија е ставена во приоритетите на Министерството за спорт од индивидуалните спортови“ – истакна министерот Ристовски.

Лорд Коу изрази искрена благодарност за гостопримството и можноста Скопје да биде домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација која се одржува деновиве, како и на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024“, која ќе се одржи утре во Националната опера и балет.

Претседателот на Светската атлетска асоцијација изрази огромна поддршка и воодушевеност што Македонија има Министерство за спорт и нагласи дека тоа ќе придонесе за подигнување на македонскиот спорт на многу повисоко ниво.

„Многу ми е драго што по втор пат сум во Македонија, инспиративна и прекрасна земја. Прв пат сум во Владата и сум воодушевен од средбата со министерот Ристовски. Го следиме напредокот на атлетиката во вашата земја кој е во евидентен пораст и се надеваме дека со формиртањето на новото Министерство за спорт и со поддршката на министерот ќе ја подигнеме атлетиката на повисоко ниво“ – рече Лорд Себастијан Коу.

Присуството на претседателот на Светската алетска асоцијација е особено значајно, бидејќи Лорд Себастијан Коу е еден од највлијателните и најпочитуваните фигури во светската спортска елита.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK