Меѓународен шаховски турнир во забрзан шах в недела на Попова Шапка

shah
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шаховскиот клуб „Анпасан“ од Тетово в недела (25 јуни) на Попова Шапка го организира третиот по ред меѓународен шаховски турнир во забрзан шах „Опен Рапид Визиони М“.







Турнирот ќе се игра во девет кола по швајцарски систем, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах, со темпо на играње 10 минути за секој играч плус бонус од 5 секунди за секој одигран потег.

– Ова е традиционален меѓународен шаховски турнир во забрзан шах на Попова Шапка, досега за учество се пријавени дури 174 шахисти од Македонија, Италија, Албанија, Србија, Грција и Косово. Сметам дека до почетокот на турнирот уште повеќе учесници ќе се пријават и така ќе имаме еден рекорд, информира Назмидин Имери, претседател на клубот „Анпасан“.

Директорот на турнирот е Беким Сулејмани, а главен судија е И.А. Сашко Лакински. Турнирот ќе се игра во хотелот „Скардус“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK