Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат

Priznanie1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен медал на неодамна одржаното Медитеранско првенство во Тунис добија признание за постигнат врвен резултат од Агенцијата за млади и спорт (АМС). Признанието од АМС доаѓа по големиот успех на македонските карате репрезентативци кои се закитија со медал во најтешката дисциплина, екипно борби за мажи и кој воедно е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства во оваа дисциплина.


Бронзениот медал го освоија каратистите Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, сите членови на карате-клубот „Макпетрол“, како и Мурсел Мисими од кумановскиот карате-клуб „Башкими“. Со доделеното признание, Агенцијата за млади и спорт го потврди големиот успех на македонската сениорска карате репрезентација во која членуваат дури осум каратисти од клубот „Макпетрол“.

Покрај големиот екипен успех, нашите каратисти во Тунис остварија и три високи пласмани во поединечните категории, сите од членови на „Макпетрол“. Петар Спасеновски (-84 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.) го освоија петтото место, додека Симона Заборска (-61 кг.) го заврши натпреварувањето на седмата позиција. На годинешното Медитеранско првенство учествуваа вкупно 447 спортисти во машка и во женска конкуренција, при што дел од шампионатот беа 19 најелитни и најдобро рангирани светски тимови.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK