Кенијката Кипјегон постави нов светски рекорд на 1.500 метри

kipejgon_234243432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Кенијката Фејт Кипјегон стана првата атлетичарка во историјата која ја истрча патеката на 1.500 метри под границата од три минути и 50 секунди, поставувајќи нов светски рекорд на митингот од Дијамантската лига во Фиренца со време од 3:49:11.

Со тоа актуелната двократна олимписка победничка во оваа дисциплина за речиси една секунда го подобри досегашниот светски рекорд (3:50:07), кој на 17 јули 2015 година го постави Гензебе Дибаба од Етиопија.


Второто место на вчерашната трка на 1.500 во Фиренца го освои Британката Лора Мур (3:57:09), додека на победничкиот подиум се искачи и Џесика Хал од Австралија со време од 3:57:29.

Следниот митинг од Дијамантската лига е на програмата идниот петок во Париз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK