Извештај: Англискиот крикет полн со расизам, сексизам и класна дискриминација

kriket
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот крикет е длабоко вкоренет во распространет институционален расизам, сексизам и класна дискриминација, објави Независната комисија за правичност во крикетот (ICEC).

Во извештајот, кој британското општество долго го очекуваше, се наведува дека на жените во крикетот се гледа како на „граѓанки од втор ред“, дека расизмот е „вкоренет“ и оти овој спорт е ретка опција во државните училишта.


Претседателот на Одборот за крикет во Англија и Велс, Ричард Томсон, упати јавно извинување, а за извештајот рече дека е „повик за будење“.

„Безрезервно им се извинувам на сите кои кога и да е биле исклучени од крикетот или се чувствувале дека не припаѓаат тука. Силните заклучоци, исто така, нагласуваат дека жените и луѓето со темна боја на кожата предолго биле запоставувани. Навистина жалам поради тоа“, рече Томсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK