Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на „Вембли“

tajson fjuri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светскиот боксерски првак во тешка категорија во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури (34), рече дека му испратил договор на сонародникот Ентони Џошуа (33) за пресметка која би се одржала на лондонскиот стадион „Вембли“ во септември.

Фјури последен пат влезе во рингот во декември лани кога ја задржа светската титула со прекин во 10. рунда против Британецот Дерек Чисора.


Фјури му понуди на двократниот светски првак Џошуа да ги вкрстат ракавиците во „Борба за Британија“, но минатиот октомври се повлече од предлогот со образложение дека неговиот сонародник не го потпишал договорот во предвидениот рок.

„Тоа е борба која сите сакаат да ја видат, вклучувајќи ме и мене“, порача Фјури во објавата на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK