Италијанецот Франческо Бањаја победи денеска на МотоГП Големата награда на Холандија во Асен, пред сонародникот Марко Безечи и Јужноафриканецот Бред Биндер, зацврстувајќи ја со тоа водечката позиција во генералниот пласман на две трки пред летната пауза.
Возачот на Дукати ја запиша четвртата победа оваа сезона, додека француските возачи, Фабио Квартараро (Јамаха) и Јохан Зарко (Дукати) мораа да се откажат.
Јужноафриканецот Биндер, трет на целта, беше казнет бидејќи го пречекори ограничувањето на патеката пред крајот на трката и на крајот заврши на четвртото место зад Еспергаро.
Вториот во генералниот пласман, Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати) ја заврши денешната трка на петтото место.